Министерство за здравство

Филипче: Уште тројца заразени, вкупно 70, се влоши состојбата на пациентката на респираторна машина

Вкупниот број на заразени со коранавирусот од предмалку е 70. Тројцата нови пациенти биле во контакт со веќе заразени лица. Денеска заразени лица имаме во Скопје, Дебар, Гостивар Штип и Охрид и тие се на просечна возраст од 40 години. Од утрово влошена е ситуацијата на единствената пациентка што е на респираторна машина. Двајца од заразените пациенти се во фаза оздравување, информираше попладнево Венко Филипче, министерот за здравство.

Тој повтори дека Македонија има 120 респираторни машини, а процентот на потребата од респираторна машина е 5 отсто на 1.000 заразени пацинети.

„Имаме проблеми со набавката на респираторни машини од Бразил и се надеваме дека ќе ги надминеме, а потврдена е донацијата од 200 респираторни машини од Кина. Тоа значи дека располагаме со доволен број“, рече Филишче.

Тој информираше и за обединување на капацитетите на двете лаборатории, на Институтот за јавно здравје и на болницата „Жан Митрев“. Досега се направени вкупно 888 тестови, ИЈЗ има 1.400 тестови, во тек е набавка на уште 1.000, ветена е донација на 1.000, а тука се 300 тестови во болницата „Жан Митрев“.

Од понеделник тестови ќе се вршат на уште два пункта - поликлиниките во Аеродром и Чаир.

Филипче потсети дека затворањето на македонските граници за македонските граѓани е противуставно.

Филипче рече дека бројот на пациенти ќе расте и дека тоа се очекувало и кај нас, а такви биле најавите од сите земји во кои има заразени од коронавирус. Тој повтори дека сите мора да бидат свесни дека изолацијата е спасот и начинот да се стави крај на ширење на инфекцијата.
Во врска со информациите дека мерките на претпазливост многу често не се почитуваат, тој изјави дека ќе предложи заострување на одредени мерки во делови каде е регистрирано непочитување.
На прашањето со каква терапија се третираат пациентите што се на Инфективната клиника и дали даваат резултати, Филипче одговори дека тие се третираат со антибиотска терапија кога има ризик од бактериска инфекција, но додаде дека има информации од светот за добри резултати од лекови за маларија, па тоа ќе треба да се испита и ако треба ќе се набави одредена количина на такви лекови.
Инаку Филипче информираше дека двајца пациенти веќе се во фаза на подобрување, како и дека според досегашните информации, сите заразени имале контакт со заболени и со некој што не бил заболен но бил носител на вирусот.
Што се однесува до заболеното 4-годишно девојче од Штип, првите податоци, според Филипче укажувале дека девојчето дошло здраво и развило симптоми 1-2 дена после тоа. Но ако има сомневања дека девојчето е донесено болно што треба да биде проверено од Центарот за јавно здравје, тој потсети дека тоа е кривично дело казниво со закон.
Во контекст на капацитетот на Инфективната клиника, тој кажа дека засега е исполнет 20 отсто, дека има слободни места на првиот кат на клиниката, а спремен е и вториот кат.

 

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе