Филипче: Уште две лица тестирани за короновирус, едното е негативно, за второто има дополнителни тестирања

По вчерашниот случај со потврден коронаворус кај една пациентка, денеска уште две лица се тестирани на Инфективната клиника во Скопје, при што кај едното резултатот бил негативен, а кај второто лице е делумно позитивен и се прават дополнителни тестирања, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест е негативен, а вториот случај е жена која со сопругот била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тетсирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа“, рече Филипче во изјава за мадиумите на Вториот Форум за национално здравје.

Тој кажа дека пациентката со потврден коронавирус е во добра состојба и оти во меѓувреме се исконтактирани и ставени во домашна изолација и лицата кои биле во контакт со неа и со другите патници во комбето со кое се превезувале. Сѐ досега укажува дека лицата не биле во контакт со голема маса луѓе.

Филипче најави дека денеска во 13 часот ќе има состанок комитетот за координација на активностите заедно со припадници на МВР на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат преместени во центрите за изолација на инфективните одделенија.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе