Филипче тврди дека ниту е тајна, ниту сомнителна набавката на кинеските вакцини

Ниту е нешто тајно, ниту е нешто сомнително, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на обвинувањата на опозицијата за наводен криминал при набавката на кинеските вакцини.

Одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата во Владата, Филипче рече дека сите работи се кажани и објавени јавно.

Рече дека се проверува начинот за декласификација на документите за набавка и наскоро во соодветна процедура тие ќе се декласифицираат.

Сметам дека ваквите клевети воопшто не се соодветни и не одат во насока на конструктивноста. Напротив, сакаат да го поткопаат целокупниот легитимитет на нашата држава и пред Кина и пред меѓународните фактори, изјави Филипче.

Засега, во земјава не се размислува за опцијата да се вакцинираат граѓаните без термини и да им се даваат ваучери на вакцинираните како што е тоа случајот во соседна Србија.

Сега сме во фаза кога апелираме граѓаните да се пријавуваат на сајтот. Количината ва вакцини во Србија како единствена земја во светот која им е на располагање на граѓаните е многу поголема од онаа што ние ја имаме во моментот. Кога ќе го постигнеме тоа ниво, може целосно да ги отвориме пунктовите, рече Филипче.

Соопшти дека сега приоритет во вакцинирањето ќе имаат трансплантираните и пациентите на дијализа и верува дека овој процес тоа ќе се заврши до викендот, а сите останати ќе се вакцинираат согласно Националниот план за имунизација.

Во однос на вакцината на „Астразенека" рече дека засега нема промена во ставот таа да се дава на лица постари од 60 години. Нагласи дека не се земаат предвид само искуствата од Германија која од вчера дозволи оваа вакцина да се дава на сите возрасти, туку предвид се земаат и искуствата од други европски држави.

Прашан зошто државата се одлучи да набави 500 илјади дози од кинеската вакцина „Синовак" за која се тврди дека ефикасноста е околу 50 проценти, Филипче рече дека публикациите кажуваат оти ефикасноста на оваа вакцина е многу поголема, односно над 70 проценти.

Се одлучивме за оваа вакцина бидејќи не постои друга вакцина од друг производител која може наденаш во толку голема количина да стигне за краток временски период во нашата земја, рече Филипче.

Дополнителни пунктови во текот на следната недела се очекува да бидат отворени во Велес, Прилеп и Струмица.

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе

Узурпацијата на јавниот простор како камен за сопнување на граѓанскиот активизам.

повеќе

Паузата во борбата против коронавирусот, бизнисот ја користи за свое преструктуирање и за непосредни контакти со компаниите кои беа запоставени во изминатиот период.

повеќе