Министерство за здравство

Филипче: Тендерската постапка за изградба на нов клинички центар ќе заврши во почетокот на идната година

Се очекува на почетокот на идната година да заврши третата фаза односно да се заокружи тендерската постапка за изградба на нов Клинички центар во општината Ѓорче Петров и да се почне со изградба на дел од локалната инфраструктура. Ова денеска за МИА го изјави министерот за здравство Венко Филипче.

„Во координација сме и со општина Ѓорче Петров, тие треба да направаат пристапни работи, струјата, водата, патот, значи сето тоа во таа смисла го гледаме како почеток на работи“, рече Филипче.

Тој посочи дека во три фази е предвидена постапката на конкурентен дијалог, првата е евалуација која заврши, а две компании, германската „Vamed“ и француската „Bouygues construction“ се во втората фаза од процесот за избор на фирмата, што ќе го гради новиот Клинички центар во Ѓорче Петров.

„Значи сега сме пред почеток на втората фаза во која треба да почне дијалогот со нив врз основа на податоците што ги имаме и после завршување на дијалогот следи третата фаза, што е самата тендерска постапка“, додаде Филипче.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе