Филипче: Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот

Срцето на нашата хумана сограѓанка продолжи да чука во градите на човек кој добива втора шанса за живот. Органодарителството е највисок акт на хуманост. Држиме среќа телото да го прифати новиот орган, напиша попладнево министерот за здравство Венко Филипче на „Фејсбук".

Органите се донирани од 42-годишна пациентка. Трансплантацијата на срце е направена кај пациент кој подолго време бил на листата за трансплантација, а бубрезите ќе бидат трансплантирани кај двајца пациенти на 40-тина години кои одат на дијализа.

„Сите неизмерно благодариме и се поклонуваме пред огромната човечка хуманост на 42 годишната пациентка која ја загуби битката со животот ѝ ја исполнуваме нејзината последна желба – нејзините органи да бидат донирани“, напиша утринава Филипче на „Фејсбук".

Од мај 2020 година досега извршени се експлантации од седум починати донори, а трансплантирани се пет срца, 12 бубрега и едно коскено ткиво. 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе