„Вакцината е безбедна“

Филипче: Спремноста на здравствените работници да се вакцинираат е сигнал за сите граѓани

Резултатите од истражувањето со здравствените работници покажале дека над 60% од здравствените работници би се вакцинирале против ковид-19 и тоа е охрабрувачко, оценува министерот за здравство, Венко Филипче.

„Исклучително висок процент на здравствени работници се заинтересирани да ја примат вакцината и тоа е добар сигнал за сите граѓани. Здравствените работници беа на првата линија во борбата и знаат колку е опасен вирусот, доколку тие се вакцинираат тоа ќе влее поголема доверба и кај граѓаните“, рече Филипче во гостувањето на МТВ.

Тој додаде дека министерството ќе продолжи да информира транспарентно и точно, со цел граѓаните да добијат правилни информации за важноста од вакцинирањето и безбедноста на овој процес.

„Вакцинирањето е сериозен и проверен процес. Вакцините се развиени на безбедни и проверени платформи на коишто досега се развиваа и сите други вакцини. Една вакцина која ќе ја помине процедурата на одобрување од европската и американската агенција за лекови, како на пример вакцината на Фајзер, е со сигурност безбедна вакцина затоа што проверките, критериумите и условите на овие две агенции се многу строги“, изјави тој.

Според него, сите вакцини кои ќе пристигнат кај нас ќе бидат целосно безбедни, а граѓаните може да имаат целосна доверба во процесот на вакцинација.

Филипче говореше и за епидемиолошката состојба која значително се подобрува во последните четири недели, за што голем удел има однесувањето на граѓаните кои значителено повеќе од порано ги почитуваат мерките за заштита.

Доколку епидемиолошката состојба остане стабилна како што е во моментот, тој најави дека угостителските објекти ќе го вратат работното време до 21 часот доколку.

„Конкретно да кажам дека угостителите ќе се вратат со работното време до 21 часот, меѓутоа тоа ќе биде тоа засега. Сѐ уште ја следиме ситуацијата како ќе се развива и согласно анализите во иднина ќе одлучуваме дали ќе има дополнителни намалувања на рестрикциите“, одговори Филипче на прашањето дали се планираат нови мерки или пак олабавување на мерките после празниците.

 

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе