Филипче: Состојбата со вирусот се смирува

Состојбата со вирусот се смирува, епидемиолошката крива спласнува, а тоа го гледаме по бројот на новодијагностицирани случаи, веќе повеќе денови по ред се намалуваат, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче, по редовниот утрински состанок со директорите на ковид центрите.

На состанокот, била анализирана состојбата со Ковид-19 во изминатите 24 часа. Според министерот Филипче, спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број одделенија.

„Спласнува притисокот врз болниците, иако не се целосно ослободени голем број на одделенија, бидејќи карактеристично за овој бран е влошувањата кај пациентите да настапуваат малку покасно, па оттука циклусот на ослободување на болничките капацитети доаѓа 2-3 недели подоцна“, пишува Филипче на фејсбук.

Тој испрати апел до граѓаните на максимална внимателност и во периодот кој ни претстои.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе