И покрај високиот број за заболени и хоспитализирани

Филипче смирува: Никој од граѓаните нема да остане без здравствена заштита

Министерот за здравство, Венко Филипче по денешниот состанок на Советот за безбедност рече дека министерот Спасовски е хоспитализиран на Инфективната клиника, има температура, но нема компликации во здравствената состојба.

За порастот на бројот на заболени и за бројот на болнички кревети, министерот Филипче вели дека има доволно болнички легла и кадарот е подготвен.

„Утрово имав состанок со директорите на сите интерни клиники. На списокот на лекари, на медицински сестри, практично се сите вработени лекари, медицински сестри од клиниките и по потреба ќе работат во дополнителните капацитети. Најпрво со оглед на тоа што модуларната болница е скоро исполнета, Институтот за белодробни заболувања и дополнителни болнички легла во рамките во повеќе интерни клиники. Во Клиниката за дерматологија, Клиниката за неврологија која што има пристап до централен довод на кислород. Во рамките на другите болници секаде се ослободени интерните одделенија и целосно е ставен кадарот во истата ситуација, мобилизација како тука во Клиничкиот центар", потенцираше Филипче.

Тој рече дека дополнителни одделенија веќе се спремни и во Градската општа болница „8 Септември" има доволно болнички легла, кадарот е спремен да работи со пациенти со Ковид-19.

„Граѓаните треба да бидат спокојни никој нема да остане без здравствена заштита, без лекарска услуга. Дозволете да апелирам да се почитуваат новите мерки. Вчера се изгласа измената на Законот за заштита на населението од заразни болести, мерките коишто се сега на сила се мерки коишто се практично имплементирани во цела Европа. Ограничениот капацитет на пополнување во јавниот превоз, задолжителното носење на маски на отворено, понатаму затворањето на угостителските објекти по 23 часот, препораката да се работи од дома и онлајн е нешто што доколку се почитува може сериозно да ја намали трансмисијата на вирусот", изјави министерот Филипче.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе