Според министерот Филипче

Најмалку 167 луѓе се во домашна изолација, во моментов се тестираат 8 лица

Клиниката за дерматологија, чија директорка била во Италија и потоа цела недела шетала по Скопје, е затворена, 64 вработени и пациенти се во домашна самоизолација, сите 103 учесници на симпозиумот на кој предавала и заразената директорка се во домашна изолација, а за тројцата грчки државјани што присуствувале на оваа конференција известени се грчките власти. Во моментов се вршат тестирања на уште 8 лица, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот рече дека е можно затворање на штипското одделение за кожни болести затоа што сите медицински лица учествувале на симпозиумот, а тие веќе се во домашна изолација.

„Апелирам информациите за коронавирусот да се добиваат од официјални извори, од Министерството за здравство за да не се креира паника. Лекарката е сместена во Инфективната клиника, две лица од нејзиното семејство се во домашна изолација. Клиниката и салата каде што е одржана конференцијата се исчистени. Директорката на клиниката веднаш ќе биде разрешена, а другите институции треба да преземат сѐ што треба да се преземе во однос на евентуална нејзина кривична одговорност.

Апелирам до сите на кои им е пропишана мерката домашна самоизолација да се придржуваат на мерките на Министерството за здравство. Загрозувањето на јавното здравје е сериозен прекршок, никој нема да биде изземен од одговорност.

Во овој момент се испитуваат уште 8 пациенти, еден со симптоми што на 26 февруари бил со сопругата во Бугарија, еден македонски државјанин што допатувал од Сингапур, 4 лица од Дебар и еден пациент од Гевгелија. Веднаш штом се добијат резултатите ќе ја информираме јавноста“, изјави Филипче.

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе

За транспортерите – благодарам, за мерките – итност, за компаниите надеж дека Владата ќе ги искористи сите ресурси на државата за да ги одржи во живот, без разлика на цената што треба да се плати за тоа.

повеќе

Пандемијата со коронавирусот започна во време кога довербата во институциите беше на рекордно ниско ниво. 

повеќе