Филипче: Системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира

Системот со надополнување на медициснкиот персонал многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се почувствува помошта од овие лекари, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Ќе се направат две групи на лекари, едни коишто ќе бидат на располагање за болничките установи во Скопје и друга група за дежурства во болниците ширум државата. Тие лекари ќе се вклучат во согласност и договор со координаторот на лекарите за Клиничкиот центар и со директорите на болничките установи ширум државата во системот на дежурства. Треба да се дежура 12 часа, од 20 часот навечер до 8 часот наутро. Разговаравме за некои технички детали во однос како во пресрет ќе излезе ФЗОМ во однос на решавање на финансиите, меѓутоа сметам дека овој систем многу брзо ќе почне да функционира и значајно ќе се осети помошта од овие лекари. Практично надополнувањето на кадарот ќе може веднаш да се почувствува“, истакна Филипче при примањето на донацијата во респираттори од НАТО.

Тој наведе дека оддделите во болницата „8 ми Септември" се подготвени и кадарот е подготвен и е прашање на денови дали од денеска, викендов, или од почетокот на следната недела ќе почнат да функционираат, потенцирајќи дека сега актуелна болничка установа во којашто се примаат пациентите во Скопје е болницата во Козле.

„Денеска се работеше во Институтот за белодробни заболувања, пациентите се сместија во белодробната болница во Јасеново и дел на Клиниката за пулмологија, значи во Клиничкиот центар, Институтот за белодробни заболувања е следната институција, после Инфективната клиника, каде што ќе се сместуваат пацинетите понатаму, планот е во делот интерните одделечнија тоа што го најавивме во текот на вчерашниот ден“, рече Филипче.

Како што тргнало, на крај, кога ќе го оствариме сонот и конечно ќе влеземе во ЕУ, ќе бидеме нација X, со јазик Y, со националност Z? Кој ќе се радува на тоа?

повеќе

Зошто да не му веруваме на лидерот кој е на чело на колоната запатена кон ЕУ?

повеќе

Логиката е кога веќе се успеа со Преспанскиот договор, кога веќе отстапката е потпишана, зошто да не се направи тоа и со Бугарија.

повеќе