Прес

Филипче: Шест нови потврдени случаи на коронавирус

Во земјава од денеска има шест нови случаи на коронавирус, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

Еден од новите случаи на коронавирус во земјава е пациентка од авионот на Визер што синоќа слета од Барселона. За сите 51 патник од авионот е даден налог за следење.

Во Македонија сега има вкупно 18 дијагностицирани пациенти од оваа болест, рече министерот. Четворица денеска се донесени од Дебар.

Медицинските лица од Дебар се негативни на коронавирус и тие продолжуваат со работа.

Оние кои се новозаболени сите се од Дебар, освен патничката од Шпанија.

Новозаболените се со лесна клиничка слика и ќе се лекуваат во Дебар каде што има кадар што може да ги лекува овие пациенти, рече Филипче. 

Од следните денови уште еден специјалист ќе се испрати во Дебар.

 

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе