Филипче: Се подготвуваме за вакцинацијата за ковид-19

Веќе се работи на групите на граѓани за кои ќе има препорака да ја примат вакцината за ковид-19 кога ќе биде достапна, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

„Вакцинацијата со оваа вакцина ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да ја спроведе здравствениот систем, за што веројатно ќе ни треба помош и од други сектори - да се примат вакцините, соодветно да се чуваат, да се транспортираат, дистрибуираат до местото каде што ќе се аплицираат на лицата кои претходно ќе бидат селектирани како ризични групи што треба да ја примат вакцината, и ние веќе на ова поле сериозно работиме. Ние ги ангажиравме сите економски оператори коишто и сега ги чуваат и ги дистрибуираат вакцините. Тие изразија максимална подготвеност и согласност да го поддржат овој систем. Искомуницирани се сите вакцинални пунктови и една американска фондација. Добивме помош со фрижидери со температура до -70 за вакцината ‘Фајзер‘ единствена којашто е на таа температура, но ние мора да обезбедиме услови и за таа вакцина. Така што сметам дека во делот на прием, во делот на чување на вакцините, дистрибуција до местата каде што ќе бидат аплицирани планот е веќе спремен, но многу веројатно е дека во текот на следната недела ќе организираме и една вежба на терен како тоа ќе изгледа“, изјави Филипче во гостувањето на ТВ21.

Вакцинирањето, како што вели, најверојатно ќе го спроведат лекари и медицински сестри кои во овој момент не работат со ковид пациенти, а за тоа ќе биде организирана и обука. „Тоа е планот, бидејќи најверојатно и следната година, тогаш кога ја очекуваме вакцината некаде во првите месеци, сѐ уште ќе има пациенти заболени од ковид и лекарите и сестрите кои и сега работат и тогаш ќе работат со овие пациенти“, додаде Филипче.

Тој појасни дека треба да добиеме 400.000 вакцини, но дали ќе дојдат сите одеднаш се чека на одговор, а тоа зависи од Ковакс механизмот.  

„Ние испративме допис и чекаме одговор. Не сум сигурен дека и тие точно знаат бидејќи првите количини, тоа е суштината на Ковакс механизмот, ќе бидат дистрибуирани во сите земји во регионот коишто аплицирале за тој месец. Очекуваме да биде во март месец, но не можеме да бидеме сигурни. Кој ќе биде вакциниран е многу важно прашање и препораки се тоа најнапред да бидат здравствените работници, вработените во војската и полицијата, сите јавни службеници, во јавниот транспорт, хроничните болни сите критични групи согласно мислењето на експертите“, рече Филипче.

 

 

Опседнатоста со лесна и брза заработувачка, завидливоста и љубомората кон побогатите, невидената мрзливост комбинирана со желбата за убав и прилично ситуиран живот, од Македонците создаде зомбизирани суштества кои лутаат низ времето и просторот, без патоказ и без изграден вредносен ориентир по кој ќе се водат низ животот.

повеќе

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе