Човекот починал, најверојатно од удар

Филипче се обиде да спаси маж на кој му се слошило на плажа во Охрид (ВИДЕО)

Доцна попладнево повозрасен маж починал на една од охридските плажи. Неофицијално причината била срцев удар, а човекот починал на плажата Метропол. Во близина на настанот беше и отворањето на „Европскиот куп во далечинско пливање, олимписка дисциплина 10 километри“ во Охрид, каде што присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче. 

На видеото што го објавија дел од медиумите се гледа како Филипче трча кон местото кога на човекот му се слошило и се обидува да го реанимира. Но, за жал, според она што го објавуваат медиумите, човекот починал.

Видео: Охрид 1 

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе