Министерство за здравство

Филипче разговараше со медицинските сестри да ги повлечат отказите

Утрово министерот за здравство Венко Филипче се сретна со трите медицински сестри кои месецов дадоа откази од Инфективната клиника во Скопје. На својот фејсбук-профил Филипче напипша дека разговарале да останат на клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува.

„Колешките Зорица, Силвана и Дивна, медицински сестри од Инфективната клиника се на првата линија во борбата со пандемијата. За нивната посветеност и неуморна работа им изразив огромна благодарност. Кога се работи во такви тешки услови со многу стрес и замор, разбирливо е да дојде до потреба за промена за што целосно ги разбирам. Сепак, утрово ги поканив на разговор и разговаравме да останат на Клиниката каде нивната работа неизмерно се вреднува. Се договоривме после заслужениот одмор кој го земаа повторно да разговараме и да најдеме начин да продолжиме заедно во битката со ковид на Инфективната Клиника. Секој човек во здравството е важен и ќе направам сѐ за да ги мотивирам здравствените работници“, напиша Филипче.

 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе