Филипче: Процентот на вакцинирани деца уште е мал, особено надвор од Скопје

Сѐ уште е мал процентот на вакцинирани деца и затоа има нови случаи на морбили. Од вкупниот процент невакцинирани деца сега во Скопје и надвор од Скопје се вакцинирани 45 проценти, вели министерот за здравство Венко Филипче.

Според Филипче, вкупниот број невакцинирани деца бил 10 отсто од вкупниот број деца кои подлежат на вакцинација, а процентот на вакцинирани деца од вкупниот број невакцинирани надвор од Скопје е 23 проценти. Процентот на вакцинација со морбили, како што рече тој, во државава беше 82,83 проценти, што е сериозно малку и укажува дека колективниот имунитет е сериозно опаднат.

Во овој момент во државава вкупниот број заболени од морбили изнесува 1.060, сѐ уште има добра динамика на вакцинирање на невакцинираните деца и околу 73 проценти од невакцинираните деца во Скопје се вакцинирани.

„Се надевам дека сите ќе се придржуваат кон мерките кои ги воведовме како резултат на прогласување на епидемијата на ниво на целата територија, затоа што секој кој не е вакциниран, кој е нецелосно вакциниран или има непознат вакцнален статус, во присуство на вирусот значи дека има исклучително висок ризик да заболи од морбили“, изјави Филипче на одбележувањето на Европската недела на имунизација во Зоолошката градина во Скопје, на кое присуствуваа деца од градинките во општина Центар.

Тој додаде дека во текот на изминатата година вложиле многу средства за модернизирање на календарот за имунизација, вовеле две нови вакцини – пневмококна и за рота вирус, а од 1 јуни новиот календар за имунизација ќе излезе во Службен весник, кој, според него, е најмодерниот во регионов, а тоа е поздравено од СЗО.

„Дополнително на новите вакцини се осовременија некои стари вакцини, се воведоа нови типови вакцини кои се ацелуларни и кои создаваат помалку реакции за време на вакцинирањето. За жал во овој период се соочуваме со епидемија“, рече тој.

Филипче на присутните деца им порача да јадат здрава храна и да прават физички вежби за да бидат здрави да не се разболуваат, но многу е битно и да се вакцинираат.

 

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе

Сè повеќе се зборува за диверзификација на приходите, наместо фаворизирање само еден извор на финансирање.

повеќе

Пранкот врз премиерот го откри „гангот" кој управува со државата.

повеќе