Министерство за здравство

Филипче­­­: Пред нас е најтешкиот период, добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално

Упатувам јасна порака - пред нас е најтешкиот период - бројот на заболени ќе расте и во светот и кај нас. Сите мора да ги почитуваат препораките, успехот во оваа борба зависи од секој од нас, изјави денеска Венко Филипче, министерот за здравство.

„Вирусот не заобиколи ниту една една земја, не ја заобиколи ниту нашата. Пред нешто повеќе од еден месец како беше регистриран првиот позитивен случај и од тогаш до денес бројката на потврдени случаи постојано расте. Добро е што бројот на случаи се зголемува линеарно, а не експоненцијално - што значи дека секој ден имаме приближно еднакво зголемување  а тоа му дава шанса на нашиот систем за одржливост - можност соодветно да ги прими, да ги амортизира сите пациенти без притоа да бидат оптоварени нашите капацитети. Сакам да упатам јасна порака дека влегуваме во вториот месец од борбата со оваа пандемија која целосно го промени животот, донесе страв и несигурност. Пред нас е најтешкиот период - период во кој бројот на заболени ќе расте во светот, ќе расте и кај нас. Ни претстои период за жал во кој ќе расте и бројот на починати, за ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек којшто почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој - никој не е имун ниту е заштитен од него. Сите оние кои досега можеби не беа убедени во опасноста од вирусот и од оваа болест, сега верувам дека им е целосно јасно дека ова е многу сериозна закана. Навистина мораме сериозно да се однесуваме кон неа, нема да биде лесно. Затоа сакам да упатам апел сите да ги почитуваат препораките, да не се шири паника, да се однесуваме максимално претпазливо и одговорно заради тоа што ова зависи од секој успех оваа борба зависи од секој еден од нас“, изјави министерот Филипче.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе