Министерство за здравство

Филипче: Подготвени сме да прифатиме и поголем број на пациенти

Наредната недела во близина на Инфективната клиника во Скопје ќе ја поставиме мобилната болница со што ќе го зголемиме капацитетот на болницата за уште 130 кревети. Таа болница ќе биде со со тоалети, со суви ходници. Во овој момент е добро што имаме линеарно зголемување на пациентите. Но, ние сме подгтвени да прифатиме пациенти и со поголем раст Целосно сме мобилизирани, имаме излекувани пациенти и подготвени да амортизираме зголемен број на пациенти, сосема добро стручно се справуваме во сите јавно здравствени институции, изјави денеска Венко Филипче, министер за здравство.

Во однос на шпекулациите дека се шпекулира со бројот на заболени, Филипче ги отфрла сиите овие манипулации и вели дека на дневна основа се во комуникација со Светската здравствена организација и дека тука нема никаков простор за таков вид на шпекулации.

Филипче вели дека при крај се сите анкети со вработени и анализи во Заводот за рехабилитација во Козле, откако вчера и таму беше детектиран заразен пациент со коронавирусот, и додаде дека од понеделник можно е во оваа здравствена институција да работи само амбулантскиот дел.

Министерот информираше дека е откриен заразен пациент на член на резервниот тим на Клиниката за кардиологија и дека се прават сите анализи и анкети со лица кои биле во контакт со овој здравствен работник.

Три илјади маски се веќе поделени на матичните лекари,а во текот на денот ќе бидат поделени и дополнителни 3.000 платнени и хируршки маски, информираше Филипче.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе