Тој посочи дека досега спроведените мерки се сосема доволни и дека полицискиот час, целосното ограничување на движењето, ограничувањето на движењето на повозрасните лица на возраст над 67 години и нивното немешање со лицата на возраст до 18 години е нешто што очекуваат да даде резултат.
„Искрено се надеваме дека овие мерки практично ќе дадат резултат во смисла на тоа и во периодот што следи да немаме експоненцијално зголемување на бројот на пациенти, туку линеарно и после понатаму тој број да се намалува, додаде Филипче“, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата во Владата.