Филипче: Петмина излекувани од ковид-19, 25 нови случаи и една почината пациентка

65-годишна пациентка од струшко со дополнителни здравствени проблеми, како со белите дробови, висок притисок и дијабет е последната жртва на коронавирусот во земјава, информира министерот за здравство Венко Филипче.

На редовната прес-конференција тој кажа дека во изминатите 24 часа се регистрирани 25 нови случаи на заболени од ковид-19 со што вкупниот број на заболени достигна 354 лица. Новите случаи се во Скопје – 7, Куманово – 7, Прилеп – 2, Тетово – 5, Струга – 2, Гевгелија – 1, Кочани – 1, со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 изнесува 354 лице.

Во изминатите 24 часа направени се 257 теста, од кои преку Институтот за јавно здравје – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Клиниката „Жан Митрев" – 2

Инаку од Инфективната клиника испишани се пет пациенти со два негативни теста и тие заминуваат на домашно лекување во добра здравствена состојба. Исто така контролни брисеви се земаат од 28 лица во Дебар кои се на домашно лекување и се во стабиулна состојба.

Вчера на Инфективната клиника биле примени 9 лица со што таму сега има вкупно 59 пациенти, од кои 12 се со потешка слика, а петмина се ставени на респиратори, информираше Филипче.

Досега се направени вкупно 3.775 тестирања и според местото на живеење, досега случаи на ковид-19 се регистрирани во Скопје-183, Куманово-54, Дебар-47, Штип-15, Прилеп-12, Тетово-13, Струга-9, Велес-6, Битола-4, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-2, Струмица-1, Крива паланка-1 и Кочани-1.

Во однос на институциите, Филипче кажа дека од Заводот за рехабилитација во Козле испишани се сите пациенти и испратени се на домашно лекување, а во Охрид завршил увидот за случајот со пациентката од Струга. Казни добиле директорката на болницата, докторите специјалисти и самата институција.

Министерот појасни и за случајот со двете родилки кои вчера беа примени на ГАК. 

„Примена е второродка од Куманово на 27 години и таа е породена на коронавирусот и породена е со царски рез. На Клиниката за гинекологија и акушерство е спроведена по патеката за изолација. Родено е машко бебе кое е на интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство и ќе му биде земен брис, иако во многу мал број случаи овој вирус се пренесува и на бебето. Мајката е префрлена на Клиниката за инфективни болести. Уште една родилка доцна синоќа е донесена од Охрид во висока телесна температура. Станува збор за пациентка со прекумерно висока тежина, со покачен крвен притисок, такихардија... Донесена е со мртов плод и по породувањето и се влошила состојбата, по што починала. Овој случај ќе се анализира", појасни Филипче.

Филипче, одговарајќи на новинарски прашања кажа дека медицинска сестра од Куманово била позитивна на новиот корона вирус, иако одела на работа и не чувствувала никакви симптоми, а вчера имала покачена температура.
„Таа e од Куманово и работела на Клиника за пулмологија. Медицинската сестра вчера почувствувала зголемена телесна темература и откако ѝ бил направен тест, констатирано е дека таа е позитивна на вирусот. Додека одела на работа, била со целосна заштитна опрема, маска и ракавици", рече Филипче.

Министерот рече дека ако лицата кои после 14 дневна изолација немаат симптоми, не треба да бидат тестирани.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе