Филипче: Пациентите имаат бенефит од проектот со волонтерите

Од минатата недела во Клиничкиот центар функционира проектот што Министерството за здравство го работи заедно со Црвениот крст во кој волонтерите им помагаат на пациентите полесно да се снајдат низ кампусот, да стигнат до потребната клиника, до соодвената локација, потребното снимање, преглед или анализа, вели во видео обраќање министерот за здравство Венко Филипче.

Тој посочува дека досегашниот тек на активности покажал дека пациентите навистина чувствуваат бенефит од оваа мерка. Волонтерите, истакнува Филипче, се лоцирани на седум најфреквентни локации во комплексот клиники, во периодот од 8:30 до 12 часот, секој работен ден. Тие имаат поминато претходна обука за основите на првата помош, комуникација и техники за комуницирање, како и психолошка поддршка.

Во текот на обуките за проектот, волонтерите добиле знаења и вештини за тоа како да го олеснат пристапот на сите лица, кои имаат потреба од помош и поддршка во наоѓање на универзитетските клиники (физичко лоцирање), административни процедури за пациенти, како и водење на сите тие кои имаат потреба од дополнителна помош во интерните одделенија (шалтери, соби за преглед, термини за прием, одговорен лекар итн).

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе

Најпрво, важно е да се напомене дека поседувањето на оф-шор компанија не е нелегално само по себе. Во суштина оф-шор земјите нудат низа поволности како што се исклучително поволни стапки на данок. Всушност, некои од нив имаат нула стапка на данок. 

повеќе