Филипче: Остануваат препораките за превенција и заштита од коронавирусот

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, денеска информираше дека пациентите коишто вчера беа дијагностицирани на корона вирус, во текот на вечерта се префрлени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.

„Тие се со стабилна, здравствена клиничка состојба, лесна форма на болеста, но возраста ги прави да бидат во ризичната група. Лекарите ќе ја пратат состојбата, ќе се интервенира во ситуација да има и влошување. Целосно се спремни капацитетите на клиниката“, потенцираше министерот Филипче.

 „Еден од патниците е жител на Албанија. За идентитетот во текот на вчерашниот ден го известивме албанското Министерство за здравство. Возачот во изминативе неколку денови повторно заминал на тура за Италија. Вчера ни укажаа дека денеска се очекува да стигне во нашата земја. Пред половина час пристигна на граничниот премин Табановце. Автобусот ќе биде ставен на страна. Патниците ќе бидат ставени во една посебна просторија во сопственост и менаџирање на Царинската управа. Возачот ќе биде прегледан, ќе биде тестиран и што и како ќе се направи понатаму во однос на препораките на оваа нова тура патници ќе зависи од резултатот на анализата на тестот на возачот. Направен е целосен увид, веќе се започнати контактите. Дел се завршени интервјуата, дел ќе продолжат и во текот на денот на сите сопатници кои на 27 февруари влегле во земјава заедно со двајцата пациенти кои се сега хоспитализирани“, изјави министерот Филипче.

На денешната прес-конференција, министерот Филипче рече дека целосно е спремен и објектот за изолација во Демир Капија, како дополнителен капацитет на инфективните одделенија во Штип, Велес и Гостивар.

„Тоа е објект којшто е нов, изграден од страна на Министерството за труд и социјална политика, целосно изолиран. Сметаме дека е добро место доколку се изнуди потреба за дополнителен број на луѓе коишто би биле во изолација, со цел да се олесни надзорот, како и работата на епидемиолозите, но и на припадниците на Министерството за внатрешни работи. Како ќе се направи и во кој момент ќе зависи од моменталната ситуација доколку се изнуди потреба тоа се спроведе“, истакна министерот Филипче.

Филипче упати апел на граничните премини сите да кажуваат вистинити податоци. Расте бројот на заболени од корона вирус во цела Европа. Има случаи во Германија, Шпанија, Франција.

„За сите важи да ја кажуваат препораката, да ги кажуваат вистинитите податоци, дали биле во контакт со заболени. Дали тие имаат симптоми, а за нашите граѓани важат препораките за спроведување на личната хигиена, често миење на раце согласно тоа што го дистрибуираме во медиумите како препораки“, рече Филипче.По одржаната прес-конференција, според последната информација добиена од МВР, од вкупниот број на патници во автобусот, 28, во кои влегуваат шоферот, двајцата заболени пациенти и патникот од Албанија кој ја напуштил земјата, земјата ја напуштиле уште двајца патници кои се вратиле во Италија. Сите 22 останати се идентификувани и контактирани.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе