Филипче: Од утре почнува бесплатна вакцинација против сезонски грип

За бесплатната вакцинација против сезонски грип која почнува од утре набавени се вкупно 28 илјади вакцини, кои се бесплатни и наменети за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници, информираа министерот за здравство, Венко Филипче и директорот на Здравствен дом-Скопје, Виктор Исјановски.

Според Филипче, Центрите за јавно здравје набавиле 21.000 комерцијална вакцина, кои веќе се достапни за граѓаните од понеделникот.

„Ја подобруваме достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип и од оваа година, покрај 10-те Центри за јавно здравје, во вакцинацијата ги вклучивме и трите поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствениот дом во Скопје.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак, бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот“, рече Филипче.

Тој образложи дека се работи за вакцини од реномирани странски производители, меѓу кои 27 илјади вакцини се од „Mylon Abot“, а илјада вакцини од „Sanofi“.

Инаку, како и во изминатите сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во февруари, а вакцинацијата во овој период, ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока.

 

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе