Министерство за здравство

Филипче: Од понеделник почнува и мобилното тестирање на коронавирусот

Од следната недела ќе имаме и мобилни екипи за тестирања во  градови каде што сметаме дека тоа треба да се аплицира. Еден од тие градови е Куманово, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче кој додаде исто така дека од наредната недела ќе се добие и донацијата од 500 илјади маски и 20 илјади тестови за коронавирусот.

Министерството за здравство претходно информираше дека денеска се регистрирани нови 24 пациенти заразени со коранавирусот, а еден од нив е поврзан со случајот со Кожната клиника во Скопје. Вкупниот број на заразени лица е 201.  Еден пациент од Дебар денеска е пуштен дома од Инфективната клиника во Скопје, а се подготвува и една пациентка од Скопје да биде отпуштена. Кај двајцата се направени двојни контролни тестирања.

Македонија ги очекува и донациите од респираторни машини од Норвешка и Кина.

„Еден пациент од Тетово пред откривањето дека е заразен од коронавирусот од 9 до 23 март бил пациент во Заводот за рехабилитација во Скопје. Се прават сите неопходни анкети со сите медицински лица и други со кои овој пациент бил во контакт. Контактирани се и десетина членови од неговото семејство. Како ќе се постави со Заводот за рехабилитација ќе зависи од резултатите на тестирањата на персоналот. Таму бројот на пациентите е намален на 40, од вообичаени 180“, рече Филипче.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе