Министерство за здравство

Филипче: Од новозаразените 4 се здравствени работници од Дебар, ве молам седете дома

Денеска имаме пет нови случаи од кои 4 се здравствени работници од приватна здравствена установа во Дебар. Со ова вкупно во земјава има вкупно заболени 31 лице. Позитивен е тестот и на сопругата на пациентот кај кого утрово беше дијагностициран вирусот, рече во вечерашново обраќање министерот за здравство, Венко Филипче.

„Од утре во болницата во Дебар ќе престојуваат уште двајца доктори пулмолози од Скопје. Здравствените работници се најекспонираните лица, но мора да направиме сè за да ги заштитиме. Нивниот труд и улога во овој момент е непроценлива. Целосно сме свесни дека здравствените работници се едни од најекспонираните и за време на работата и надвор од здравствените установи, но ние мора да правиме сѐ за да ги заштитиме, заради тоа што во овие услови како и во сите други тоа е многу потребно. Мора да обезбедиме одржлив и стабилен здравствен систем за сите. Нема да има оправдување за ниту еден кој нема да се придржува до мерките коишто се донесени како одлуки на Владата. Мора да биде нивото на свест за почитување на овие одлуки исклучително високо заради тоа што од тоа зависи јавното здравје, важно за сите нас. Исклучително важно е за здравствени работници, заради тоа што тие требаат сега, како што требале порано, како што ќе требаат и понатаму кога овие моменти ќе бидат далечно минато. Тие здравствени работници имаат семејства кои се грижат за нив. Макотрпно и пожртвувано работат, се жртвувале во текот на животот, се едуцирале за да помагаат на нашите сограѓани“, потенцираше министерот Филипче.
Тој упати порака до колегите, здравствени работници дека трудот и напорот и улогата којашто се дава во овој момент е непроценлив, а за граѓаните уште еднаш ја повтори пораката да останат дома и најстрого да се придржуваат до мерките за заштита и превенција.

Во однос на процените за ширењето на епидемијата во земјава, Филипче рече дека е најважно пикот на бројката на заболени да не дојде нагло.

„Очекуваме тоа кај нас да биде благо, да не доведе до посериозна и нагла оптовареност на здравствениот систем, за да можеме соодветно да примиме одреден број пациенти. Колку е пикот поостар, толку поголеми проблеми ќе имаме“, рече министерот.

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе