Потврден нов случај

Филипче: Од коронавирус заразена и директорката на Клиниката за кожни болести

Доцна синоќа е потврден уште еден случај на заразен од коронавирус. Се работи за лекарка, директорката на Клиниката за кожни болести која пред една недела допатувала од Италија, а во меѓувреме редовно одела на работа, информираше денеска министерот за здравство Венко Филипче на редовна прес-конференција. Клиниката е веќе во целосна изолација.

„Пациентката веќе е хоспитализирана во Инфективната клиника и е во стабилна состојба со лесна клиничка слика. Пациентката е целосно стабилизирана и направен е контролен тест, по што денес ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница“, рече Филипче.

Тој додаде дека со исклучително големо внимание се преземаат мерки на Клиниката на кожни болести и за сите вработени и пациенти кои контактирале со неа. Филипче не исклучува целосно затворање на Одделот, а сите да бидат испратени на домашна самоизолација.

„Целиот оддел на клиниката ќе биде затворен. Ќе бидат преземени сите мерки против оние лица кои го загрозиле јавното здравје и кои не ги почитувале мерките, препораките и апелите. Мерката за самоизолација мора да се почитува. Ќе преземеме најостри мерки на казнување. Максимално сум разочаран од однесувањето на некои наши колеги“, вели Филипче. 

„Го имаме списокот на сите лица со кои контактирала лекарката, по што епидемиолозите ќе донесат одлука за лицата кои биле во контакт со неа. Ова непочитување на препораките е огромно разочарување за нас, особено кога станува збор за медицинско лице“, рече Филипче.

Првата пациентка заразена од коронавирусот е во добра состојба, утре изминуваат 14 дена од нејзината изолација, ќе се направи уште еден контролен тест по што ќе се одлучи дали ќе биде пуштена. Епидемиолозите информаираат дека и другите пациенти кои биле во контакт со неа  се во добра здравствена состојба, па дополнително ќе се одлучува за нивната домашна изолација.

Министерот вели дека со исклучитечно големо вниманите ги преземаат сите мерки на Клиниката за кожни болести, можно е одделот да биде целосно затворен, сите врабтени да бидат испратени на домашна самоизолација, а по дома пациентите кои можат да го продолжат лекувањето во домашни услови.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе