„За жал, мерките не се почитуваат“

Филипче: Новите пациенти се од семејни настани преку близок респираторен контакт

Начинот на трансмисија на коронавирусот во целиот изминат период е со близок респираторен контакт во рамки на еден кластер и поединци. И тоа ја детерминира сликата што веќе еден подолг временски период е присутна во нашата земја, изјави министерот за здравство Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање дали е познат начинот на кој се заразиле заболените.

„Повеќе настани, повеќе семејни настани се случија во меѓувреме и од таму излегоа нови пациенти, но, во основа е истиот механизам на таков респираторен близок контакт, за жал непочитувајќи ги мерките кои се сега во сила“, рече Филипче.

Во однос на информациите дека не е почитувана епидемиолошката анкета за одредени блиски лица на заразените, Филипче изјави дека нема измени во протоколот и алгоритмот и тој насекаде е ист.

„Ако е констатирано дека се контакти тогаш влегле во прашалникот што го пополнува заболеното лице, врз основа на податоците што ги дава на епидемиологот, заради тоа што епидемиологот прашува кои се најблиските контакти и најблиските луѓе во непосредното опкружување, колку време во денот поминуваат со тие контакти и колку последователни денови, и врз основа на тоа се цени ризикот што притоа може да биде мал, може да биде среден или голем ризик. Врз основа на одредување на тој ризик се даваат и натамошни насоки дали ќе има домашна изолација, со соодветни препораки“, рече Филипче.

Тој повтори дека во принцип тестирање не се прави во првите 14 дена, заради тоа што тоа е период во кој може да се развијат симптомите и можно е резултатот да биде лажно негативен и луѓето притоа да не ги почитуваат мерките за изолација.

Нагласи дека поради тоа се пристапува секогаш согласно еден ист прашалник и алгоритам што го пополнува заболеното лице, под контрола на епидемиологот од соодветниот центар за јавно здравје.

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе

Јас, Ангела Илиевска , учесник во повеќе протестни движења низ годините наназад, со себе го носам товарот на мојата личност и идеалите кои ги застапувам низ сите тие движења.

повеќе