Министерот за здравство за протоколите за погреби

Филипче: Никогаш немаше препорака за лимени ковчези за починатите од ковид-19

По изјавите од Државниот здравствен инспекторат дека не постоел протокол за погребување на починати од ковид-19 во лимени ковчези и обвинувањата потоа дека семејствата непотребно биле изложени на високи трошоци за специјални ковчези, министерот за здравство денеска изјави дека никогаш од Комисијата за заразни болести немало протокол или препорака за лимени ковчези.

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека никогаш немало протоколи или пак некаква препорака од Комисијата за заразни болести починатите од ковид-19 да бидат погребувани во лимени ковчези.

„Ги разгледуваме сите протоколи, имавме дискусија во Комисијата за заразни болести, во ниту еден момент од Комисијата не беше препорачано или било препорачано дека погребувањето треба да биде во лимен ковчег. Таму стојат некои препораки и протоколи во однос на дезинфекцијата и слично, но никогаш такви дека починатите треба да се погребаат во лимени ковчези“, рече на денешната прес-конференција Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Тоа, потенцира министерот за здравство, било така од почетокот на пандемијата.

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе