Прес-конференција на министерот за здравство

Филипче: Нема нови рестриктивни мерки, а училиштата ќе работат, но повозрасните треба да се вакцинираат

Засега остануваме на сегашните мерки, степенот на ширење на коронавирусот се намалува, а засилено се одвива процесот на вакцинација, изјави денеска министерот за здравсто Венко Филипче на новинарско прашање дали ќе биде воведен полициски час или други мерки. Филипче рече дека сите анализи покажале дека не постои ризик од оптоварување на здраствениот систем од почетокот на учебната година со физичко присуство.

Тој рече дека податоците покажуваат дека само 2 проценти од хоспитализираните од болеста се деца, а дека најмногу во болниците има пациенти на возраст од над 60 години кои најчесто имаат хронични срцеви или респираторни болести, дијабет или други заболувања кои се ризични од аспект на ковид-19.

На прашањето зошто меѓу починатите има и млади на возраст од дваесет или триесет години, Филипче рече дека младите најчесто на лекар одат кога навистина состојбата се влошила, а дека некои од нив во болница не се придржуваат до советите од лекарите, па посочи и  на неодамнешен пример на младо лице кои ја напуштило болницата, за потоа состојбата да се влоши и во многу тешка состојба да биде примено во болница.

Министерот за здравство изјави дека ги демантира некои тврдења во јавноста дека не се лекува според протоколи или соодветно на клиничката слика на пациентите, наведувајќи дека протоколи има и дека на клиниките и во болниците се ангажирани инфектолози, имунолози, пулмолози, кардиолози и лекари од друга соодветна специјализација кои даваат инструкции за одредени пациенти.

Во однос на учебната година, Филипче рече дека освен во средните училишта во полошкиот регион, настагва со физичко присуство ќе има во сите општини и информира дека се отфрлени некои барања, како од општините во Струга и Кичево или Маврово - Ростуше таму наставата да биде онлајн. Рече дека ширењето на болеста во тие краеви не се должи на училиштата бидејќи тие и не работеле во изминатиот период.

„Оправдана е загриженоста кај луѓето од отворањето на училиштата, затоа што се грижат за своето здравје и за здравјето на блиските. Но, ние повозрасните, родителите, дедо - баба и другите, можеме да помогнеме наставата да продолжи безбедно и со физичко присуство на тој начин што ќе се вакцинираме. На тој начин и самите ќе се заштитиме. Многу се големи последиците по децата ако втора година по ред не одат на училиште. Само со поголем опфат на имунизација ќе се намали бројот на заразени во земјава. Така е и во целиот свет. Вакцинацијата е засега единственото ефикасно средство за борба со ковид-19“, рече Филипче.

Тој нагласи дека меѓу младите кои заболеле, речиси и да нема вакцинирани лица, а дека на сите возрасни групи мал е процентот на заболени меѓу вакцинираните со две дози.

Филипче оцени дека процесот на вакцинација се одвива многи добро, но не и во Гостивар и некои други места. Интересот е зголемен во Тетово, додека најмногу вакцинирани има во Охрид, Кавадарци, Ресен и уште во неколку градови.

„Светот оди во правец целосно да се нормализира животот и движењето на луѓето коишто се вакцинирани, очигледно сите свесни дека тоа е единствениот правец да го вратиме нормалниот живот. Само вакцинирани луѓе во европските земји може да влегуваат на настани или во угостителски објекти. Секаде како критериум се бара вакцинацијата, а при патување не е потребен карантин за вакцинираните граѓани и на овој начин е обезбеден полесен и побезбеден живот. Во тој поглед сме спремни, посебно со сертификатите. Интензивната работа на тимот кој работеше на сертификатите се исплатеше, еве сега тие сертификати за вакцинација се признаени“, посочи министерот Филипче.

Според првите сознанија, бројот на новоинфицирани денеска ќе се движи до 900 лица.

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе