Филипче: Нема некое изненадување во манифестацијата на ковид-19 кај децата и возрасните

Нема некое изненадување со специфика на децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас во однос на другите дијагностицирани заболени со Ковид-19, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче прашан за тоа дали и кај нас е регистрирано заболување со Ковид-19 кај деца со атипични симптоми, како што е случај во изминатите две недели во некои земји од Европа.

„Во однос на децата кои што досега беа дијагностицирани кај нас немаше некое изненадување со специфика во однос на другите дијагностицирани. Во таа смисла и наодот на белите дробови, пореметувањето на крвта беа во рамки на тоа што се движи манифестацијата кај возрасните. Значи некоја специфика посебна немаше“, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање од МИА на денешната прес-конференција.

Здравствените власти во Франција и Велика Британија информираа дека се обидуваат да утврдат дали постои врска со пандемијата на коронавирусот и десетина деца кои неодамна биле примени на интензивна нега во Велика Британија и петнаесетина во Франција, откако развиле атипична форма на болест на крвните садови, што наликува на болеста Кавасаки.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе