Министерство за здравство

Филипче: Негативни се резултатите за коронавирусот кај третата пациентка

Резултатите од тестовите за коронавирусот на пациентката која повторно се тестираше на Инфективната клиника во Скопје се негативни. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на клиниката која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот ковид 19. Таа има лесна форма на клиничка слика, се чувствува добро и се лекува симптоматски на Клиниката за инфективни болести, пишува на својот фејсбук-профил министерот за здравство Венко Филипче.

„Сите патници кои патувале од Италија со пациентката уште синоќа се исконтактирани и се наоѓаат во изолација во домашни услови во соработка со МВР. Најголем дел од патниците немале контакт со поголема маса луѓе, туку само со семејството. На денешниот состанок на комитетот ќе ги разгледаме можностите за продолжување на домашната изолација или префрлување на овие лица во инфективните одделенија, одредени за изолација.

Сите надлежни служби навремено и одговорно го спроведуваат протоколот. Апелираме до граѓаните да не се создава паника и да се информираат за состојбата исклучиво од официјални извори и информации. Министерството за здравство продолжува редовно да информира за состојбата“, напиша министерот Филипче. 

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе