Филипче најавува нови рестрикции за невакцинираните, вели го оптоваруваат здравствениот систем

Комисијата за заразни болести утре ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки за спречување на ковид-заразата и ќе се однесуваат на невакцинираните. Министерот за здравство Венко Филпче вели дека болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти и додава дека тоа нема да се толерира.

Министерот за здавство Венко Филипче во Дневникот на ТВ Канал 5 вечерва изјави дека по состанокот ќе достават конкретни предлози до Владата. Новите рестрикции ќе се однесуваат на невакцинираните затоа што, рече, тие најмногу ги оптоваруваат болниците.

„Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравтвениот систем“, изјави Филипче.

Посочи дека во изминатите денови комуницирале за тоа какви мерки се воведени во земјите од регионот и во некои земји во Европа.

Потсети и дека од вчера е во сила мерката при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина.

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе