Министерство за здравство

Филипче најавува карантин ако се исполнат болничките капацитети, а тие веќе се пред пополнување

Ако се исполнат болничките капацитети со пациенти, во тој случај ќе биде предложен карантин, рече министерот за здравство Венко Филипче, во вестите на Канал 5.

Тој појасни дека болничките капацитети забрзано се исполнуваат, па за првпат и одделението во Кавадарци се користи за згрижување пациенти со ковид-19.

Меѓу болниците во Прилеп и Битола се менаџира, а и другите болници се исполнуваат. На располагање се модуларните болници, а ко се наполнат и тие, тогаш ќе мора да се воведе карантин, рече Филипче.

Денеска, според ковид-билтенот, во болница се 464 пациенти.

На Инфективната клиника во Скопје во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 99 пациенти. На кислородна поддршка се 67 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација. 

Во болницата во Козле нема хоспитализирани деца позитивни на ковид-19. Хоспитализирани се 4 мајки позитивни на ковид-19, 3 деца и 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има 6 приеми, а вкупно хоспитализирани се 49 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 43, а во болницата во Штип се 55 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 210, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 24.196, бројката на оздравени пациенти е 17.672, на починати е 850, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5.674. 

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе