Филипче најави укинување на квотите за лековите на рецепт

Во август ќе бидат укинати квотите во аптеките во регионите на туристичките места во Охрид, Струга, Дојран, околината на Гевгелија и регионот на Ресен, и секој лек кој ќе биде издаден на рецепт ќе биде реализиран од страна на Фондот, најави министерот за здравство Венко Филипче.

Според Филипче, со ова почнува укинувањето на квотите во сите аптеки на територијата на цела држава, нешто што премиерот го најави минатата седмица, а ќе се имплементира во септември и во октомври.

Инаку, во регионите на туристичките места со години наназад имало голем недостаток на лекови, па затоа кон крајот на месецот ќе почне официјална процедура на вклучување на сите аптеки кои сега не се во мрежата. Паралелно ќе се проширува мрежата, согласно владината одлука за прием на нови специјалистички ординации од разни специјалности од медицина и стоматологија.

За да се спречи злоупотреба, по гласините дека само со лична карта ќе може да се зема лек во аптека, Филипче рече дека станува збор за комплексен механизам кој вклучува и софтверско решение, а во суштина значи следење на лекот. Лекот ќе може да го подигне само пациентот за кој е препишан, освен лицата кои се неподвижни, но и за нив има развиен механизам како ќе се издаваат тие лекови.

На прашањето дали имаат информации за досегашни евентуални злоупотреби при издавање лекови на рецепт, Филипче рече дека се прави анализа за тоа во Фондот и со целосни информации ќе излезат пред укинувањето на квотите.
Целта е да се сведе бројот на лекови по глава на жител, согласно европскиот стандард. На новинарско прашање значи ли тоа дека ќе одговара некој матичен лекар или аптека, Филипче одговори: „Доколку тоа се констатира, апсолутно да“.

Тој додаде дека не е противуставно укинувањето на квоти само во одредени региони, затоа што станува збор за прв чекор во практично ослободување на квотите и либерализација, тоа е работа која се регулира не со закон и устав туку со правилник во рамки на Фондот. Тој правилник бил сменет утрово и мерката ќе се имплементира. Затоа што со години наназад притисокот од недостаток на лекови бил најголем токму таму. Мерката ќе важи за тие градови, но и за околните места.

На прашање кој ќе им препише лек на рецепти на оние кои не се жители таму и немаат таму матични лекари, министерот рече дека препишуваат само матичните лекари.

Тој појасни дека секој пациент при подолготраен престој некаде, си обезбедува рецепти од својот лекар. Според Филипче, во овој период, најмногу се трошат лековите за кардиоваскуларен систем.

 Фото: МИА

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе