Прес-конференција за коронавирусот

Филипче: На Инфективната клиника се тестираат 12 пациенти

На Инфективната клиника во моментов за коронавирус се тестираат 12 пациенти. Од нив двајца се наши граѓани што дошле пред 5-6 дена од Италија и утрово имале симптоми на грип. Осум лица се од Дебар и се соседи на тројцата пациенти што веќе се лекуваат на Инфективната клиника. Тие живеат во куќа-лепенка на онаа на заболените и имале блиски контакти, информира министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Според Филипче, еден пациент од Кочани е сместен на инфективното одделение во Штип. Тој исто така патувал во Италија и имал знаци на грип. Последниот пациент, пак, е испратен преку центарот за јавно здравје од Прилеп.

Резултатите за сите овие лица, според Филипче, ќе се знаат за околу два часа.   

Инаку, на Инфективна клиника во Скопје во моментов има 7 пациенти, сите се со лесна клиничка слика и ниту еден нема потреба од механичка вентилација. Првата заразена пациентка со коронавирусот, по контролните негативни тестови, деновиве ќе биде пуштена на домашно лекување.

Филипче уште најави дека на дешната седница на Влада ќе се предложи уште една мерка, а тоа е здравствените работници во следните две недели да ги откажат и приватните патувања.

Министерот, одговарајќи на новинарски прашања, кажа дека тестови во овој момент имаме доволно, но ќе ја надополнат резервата.

„Истото ќе го направиме и со респираторните машини и мобилните рендген-апарати“, најави Филипче.

„Сите пациенти што се во изолација и кои биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести кај која беше дијагностициран коронавирус се здрави и немаат знаци на болест. Доколку покажат какви било симптоми ќе бидат тестирани", рече министерот Филипче.

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе