Болеста се шири во рамките на калстерите, вели министерот

Филипче: Може да регистрираме поголем број заболени, но пикот ќе трае пократко

На вчерашната прес-конференција, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека од четвртокот до петокот се направи таргетирано тестирање, при што анализата покажа дека болеста тесно се шири во рамки на кластерите, но има и одеден број на нови неповрзани случаи кои исто така се следат постојан и активно се тестираат нивните контакти. Министерот предупреди дека не мора да значи дека нема и надвор од кластерите заболени или нивни контакти кои можеби не се пријавени или лоцирани и затоа остануваме максимално претпазливи.

„Несомнено е дека имаме втор силен пик кој е резултат на непочитување на мерките за собири и групирање. Но, зголемениот број на заболени може да се каже дека е очекуван и заради скрининг пристапот кој сега го имаме. Денес имаме и највисок број на тестови во 24 часа. Практично ако претходно се чекаа симптоми за да се тестира сега активно тестираме контакти на болните и уште во рана фаза ги детектираме. Ова значи дека може да регистрираме поголем број заболени на дневно ниво, но пикот ќе трае пократко заради раната детекција. Иако бројката на заразени е висока, добро е што се шири во рамки на кластерите и од оние кои се веќе во изолација. Сепак, имаме спорадично ширење на болеста и во други општини во Скопје како и во некои нови општини, што упатува на тоа дека мора да бидеме исклучително претпазливи, строго да се држиме до мерките и да носиме мудри одлуки за следните чекори." – изјави Филипче.

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе