Филипче: „Мој термин“ почна на дел од клиниките за лицата со хронични болести и малигно болните

Изнајдено е решение за отпочнување со работа на системот Мој термин на клиниките за лицата со хронични болести и малигно болните, изјави министерот за здравство Венко Филипче по денешната средба со претставници на Здружението „Борка – За секој нов ден“. 

„Дел од хируршките институции веќе почнаа согласно распоредот на работа на анестезиолозите, дел од другите дијагностички струки, меѓутоа рентген снимањата се голем ризик заради тоа што многу често се создаваат гужви во чекалните, а оваа категорија пациенти е една од најчувствителните заради тоа што во тие гужви може да се случи да има трансмисија на вирусот. Но, мислам дека со посебните патеки го најдовме решението и со определување на некои рентген апарати. Тука зборувам за компјутерска томографија, ехо, обичен рентген или мамограф кои што ќе бидат само за овие пациенти за што веќе денеска или утре ќе ја направиме координацијата со Институтот за радиологија и Клиниката за онкологија и тоа ќе влезе во функција“, рече Филипче.

Тој додаде дека останува да се разгледа начинот на кој ќе започнат да се вршат прегледите преку системот Мој термин таму каде лекарите се најмногу ангажирани во поддршка на инфективните одделенија, а тоа се одделенијата за анестезија и во рамки на тоа и сите други хируршки  струки.

„И тука има решение кое е изработено, но засега го разгледуваме бројот на пациенти, потреба од кадар, па потоа ќе донесеме и одлука“, рече Филипче.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе