Шест новозаразени

Филипче: Меѓу новите случаи еден во Штип, еден во Гостивар, се чекаат резултатите од нови 35 теста

Бројот на пациентите од ковид-19 во земјата е во благ пораст, се надевам дека кривата ќе продолжи да биде вака релативно рамна. Сметам дека здравствениот систем засега е добро менаџиран. Исклучително е добро тоа што пациентите се откриваат во рана фаза, рече предмалку министерот за здравство Венко Филипче на редовната прес-конференција за епидемијата на коронавирус во Македонија.

Сите пациенти се во стабилна состојба, вклучувајќи ја и жената што е на респираторна машина.

Но ова не е нешто со што можат да се справат само здравствените работници. Апелирам дека во ова треба да учествуваме сите заедно, сите граѓани, изјави вечерва Филипче, информирајќи дека се регистрирани шест нови пациенти, од кои по еден во Скопје, Штип и Гостивар и три случаи во Дебар.

Министерот информираше дека коронавирус бил детектиран кај едно 4-годишно девојче од Штип, кое заедно со семејството на 14 март се вратило од Англија.

„Се прави епидемиолошката анкета и се проширува листата на лица со кои контактирале новите пациенти од Скопје, Штип и Гостивар за земање брисеви. Во Скопје имаме еден нов случај, лице што било во контакт со претходно заболено лице. Во Гостивар е регистрирана жена заразена со коронавирус што е вратена од Швајцарија, која се јавила сама и рекла дека била во домашна изолација откако била во контакт со заболен во Швајцарија. Во Дебар имаме три нови пациенти“, рече Филипче и додаде дека сите пациенти се во стабилна состојба, како и единствената пациентка што е на респираторна машина.

Филипче најави дека пациенти заразени со коронавирусот од денеска ќе можат да бидат на третман и во градската болница „8 Септември“ и ќе се дефинираат посебни пунктови во рамките на Здравствениот дом на Скопје, за што наскоро ќе информираат.

Најголемата закана од оружје засновано на ВИ не доаѓа од поединечни земји. Заканата ќе дојде од недржавни актери.

повеќе

Потребно е неодложно формирање на државен фонд кој ќе овозможи во прв момент преживување во оваа ситуација...

повеќе

Во време кога пандемијата на коронавирусот и понатаму е вон контрола, најдобар економски исход на кој би можеле да се надеваме е рецесија која ќе биде подлабока од онаа со финансиската криза во 2008 година. 

повеќе