Голем број граѓани бараат термин за тест

Филипче: Лабораториите за ковид-19 се оптоварени, бараме решенија

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва информира дека силниот есенски бран на ковид-19 ги оптовари лабораториите за тестирање, но уверува дека се работи на изнаоѓање решение за нови термини.

„Викендов сите лаборатории ќе работат со полн капацитет за да се постигне со обработката на тестови, а денеска разговаравме за отворање на нови термини на почетокот на следната недела. Сите капацитети се максимално ангажирани, колегите работат во три смени. Верувам дека брзо ќе изнајдеме решение за надминување на состојбата", изјави Филипче.

Неговата изјава за медиумите е како реакција во медиумите на поплаките од граѓаните дека не можат да добијат брзо термин за тестирање, па се принудени или да чекаат повеќе денови или одат во приватните лаборатории каде за тестовите се плаќа од 3000 денари и поскапо.

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе

Стравот од неизвесноста што ја носи пандемијата од ковид-19 вирусот, бара да се преструктуираме и да го промениме начинот на нашето однесување и работење.

повеќе

Ако имаме предвид дека секој збор има свое значење, тогаш оваа „железна завеса" кон Бугарија, за која зборува премиерот дека била подигната од Југославија, се доведува во корелација со Берлинскиот ѕид. А, железната завеса помеѓу двете германии доведе до нивно обединување.

повеќе