Филипче: Капацитетот на Инфективната клиника двојно ќе биде зголемен со монтажната болница на АРМ

Мобилната болница која веќе почна да се монтира во близина на Инфективната клиника во Скопје ќе биде функционална идната недела, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

„Ги зголемуваме капацитетите на Инфективната клиника за згрижување на пациентите заболени од ковид-19. Голема благодарност до сите што учествуваа во подигнување на мобилната болница која има капацитет до 130 кревети. Работата ја завршивме во рекордно време, а болницата ќе биде функционална од текот на следата недела“, напиша Филипче на својот фејсбук-профил.

„Со оваа болница клиниката се штити од преоптовареност, а даваме можност на медицинскиот персонал соодветно да ги распореди сопствените ресурси во борбата за превенција и заштита на населението од коронавирус.

Деновиве се спроведе вистинска акција со големи човечки напори и одлична меѓуинституционална соработка. Голема благодарност до сите што учествуваа во овој процес!

Со помош на Армијата и нејзината механизација, екипите на ЈП „Улици и патишта“ и инженерите од Проектната единица при Министерството за здравство во рекорден рок го подготвија теренот и овозможија пристап до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби за брзо справување со коронавирусот“, напиша Филипче.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе