Министерство за здравство

Филипче: Имаме ист број на нови пациенти, иако бројот на тестирани е сѐ поголем

Добро е што бројката на дијагностицирани пациенти останува иста без разлика на тоа што од почетокот досега бројот на тестови се зголемува, порача министерот за здравство Венко Филипче.

„Имаме иста бројка на нови пациенти секојдневно за се поголем и поголем број на направени тестови“, рече Филипче во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

Тој посочи дека дневно вкупно се прават помеѓу 200 и 300 тестови во сите лаборатории и приватните и државните.

„Деновиве се вклучи и лабораторијата на Ветеринарниот институт со 30-ина теста, плус во трите приватните институции во секоја поединечно се прават по околу 30 тестови. Сметам дека сега засега имаме сосем доволен капацитет на тестирање“, рече Филипче.

Министерот најави донација од 20.000 тестови и 5.000 тестови од една од приватните лаборатории која, како што посочи, ќе ги донира тестовите постепено согласно препораките и индикациите од епидемиолозите. 

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе