По веста за пожар министерот за здравство

Филипче: Има жртви во модуларната ковид-болница во Тетово која изгоре

„Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов“, објави министерот за здравство Венко Филипче кој вечерва е во Тетово.

„Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации“, вели Филипче.

Огнот во модуларната болница избувнал во 21 часот и брзо се проширил, веројатно заради кислородната инсталација потребна за лекување на пациентите. Во моментот на пожарот имало 84 пациенти. Според неофицијални информации има жртви и меѓу медицинските лица.

Инаку, деновиве беше приведено едно лице кое е осомничено за случајот од пред две недели кога била пресечена цевка од доводот за кислород за пациентите болни од ковид-19 кои се лекувале во тетовскиот клинички центар.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе