Утрински состанок со директорите на ковид-центрите

Филипче: Има благ тренд на намалување на приемите во болниците, но ситуацијата и натаму е сериозна

На редовниот утрински состанок со директорите на ковид-центрите во Скопје се разгледуваше состојбата со пополнетоста на болничките капациети. „Иако во изминатите денови има благ тренд на намалување на бројот на приеми, сепак ситуацијата и понатаму е сериозна и притисокот врз ковид-центрите е голем“, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство, Венко Филипче.

Во моментов, посочува министерот, имаме доволно слободни места за да се згрижат сите пациенти кои имаат потреба од болничко лекување.

„Очекуваме во нареднот период бројот на хоспитализации да почне да се намалува. Мерките даваат резултати, но потребно е максимално да се придржуваме до нив за да го надминеме и овој епидемиолошки бран“, додаде Филипче.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе