На средба со директорите на ковид-центри

Филипче: Има благ пад на бројот на хоспитализирани од ковид-19 на дневно ниво

Изминатата недела е достигнато платото по бројот на хоспитализирани пациенти од ковид-19 и веќе имам благ пад на бројот на хоспитализирани на дневно ниво, заклучено е на денешната средба на министерот Венко Филипче утрово со директорите на ковид центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој се разгледувала состојбата со бројот на хоспитализирани и слободни места по инфективните одделенија.

„Очекуваме во наредиот период да има повеќе испишани отколку примени пациенти. На инфективните оддели има сѐ повеќе слободни места. Секако ја следиме состојбата од ден на ден и подготвени сме за секое сценарио. Доколку овие прогнози не се остварат имаме на располагање и нови оддели и дополнителни болнички капацитети кои се спремни да се отворат“, рекол Филипче.

Како што соопшти Министерството за здравство, на сите инфективни оддели има слободни места со довод на гасови, а во наредните неколку дена ќе завршат градежните работи кои ќе овозможат да се отворат нови соби со довод на кислород.

„Мерките кои Комисијата за заразни болести ги донесе даваат резултат и бројката на хоспитализации се стабилизира. Се надеваме дека овој тренд ќе продолжи“, вели Филипче.

 

 

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе

Турската влада има нови барања од социјалните медиуми и дигиталните платформи како што се Фејсбук (Facebook), Ватсап (Whatsapp), Инстаграм (Instagram) и Твитер (Twitter). 

повеќе

Баталете ги овие глупости со Бугарија, а Османи нека си фати патот до Брисел да земе обрасци за членство во ЕЕО и нека ги пополнат брзо.

повеќе