Филипче: Или ќе ги почитуваме мерките за заштита или се враќаме пак на рестрикции

Се отвораме како што тоа го прават сите земји околу нас и во светот. Сега сме исправени пред два избора. Да се навикнеме безусловно да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето кои се предуслов за нормализирање на состојбата или со непочитување на мерките да ризикуваме повторно враќање назад кон рестрикции и остри мерки, порачува денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, анализите на епидемиолозите потврдија дека состојбата е стабилна, а досегашната стратегија даде резултат.

„Го заштитивме здравствениот систем и ја одржавме епидемијата под контрола. Ова беше предуслов да ги олабавиме рестриктивните мерки. Но, мерките за лична заштита остануваат да важат и мора целосно да се почитуваат. Задолжително носење маска или прекривка на устата и носот, одржување физичка дистанца, редовна хигиена и дезинфекција на рацете се мерки кои остануваат дел од нашето секојдневие. Со овие мерки ние продолжуваме понатаму и со нив ќе се заштитиме“, вели Филипче.

Тој додава и дека вирусот нема да замине и со него ќе мора да научиме да живееме и тоа подолг временски период, што значи дека одговорноста на граѓаните сега е уште поголема.

„Недозволиво е оние кои ги почитуваат мерките да бидат во ризик од оние коишто тоа не го прават. Апелирам и до надлежните институции, сите прекршувања кои го загрозуваат јавното здравје мора да се санкционираат. Сакам на сите да им биде јасно, со заштита на сопственото здравје ги штитите сите околу вас, спасувате животи на вашите блиски, на вашите сограѓани и им помагате на здравствените работници. Ова е наша заедничка борба. Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, вели Филипче.

 

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе