Министерство за здравство

Филипче и рускиот амбасадор Баздникин денеска ќе ја пречекаат првата пратка вакцини „Спутник V“

Министерот за здравство Венко Филипче и амбасадорот на Руската Федерација во Македонија Сергеј Баздникин денеска попладне на Меѓународниот аеродром Скопје ќе ја пречекаат првата пратка од 3.000 вакцини против ковид-19 „Спутник V“, што Владата ги купи од Русија.

Филипче изјави дека очекува од среда да почне вакцинацијата, откако ќе се завршат сите административни процедури за вакцината да биде ставена во употреба.

„Од рускиот производител на вакцини ги добивме сите документи за да се спреми административната процедура во агенцијата за лекови. Многу веројатно е дека вакцинацијата ќе почне в среда. Нашата земја има потпишано договор за купување на 200.000 дози вакцини од рускиот прозиводител“, рече Филипче.

Тој потсети дека се завршени се сите административни работи околу испораката и на кинеските вакцини од кинескиот производител „Синофарм“.

Во март треба да бидат испорачани и 21.060 дози од вакцините на американскиот производител „Фајзер“, а исто така треба да пристигнат и вакцините од прозиводителот „Астра Зенека“, кои се обезбедени преку Ковакс- механизмот.

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе