По посетата на Институтот за вакцини и серуми во Белград

Филипче и Лончар: „Торлак“ ќе биде стратегиски партнер за вакцини

Договоривме Институтот за вирологија, вакцини и серуми „Торлак" од Белград да биде наш стратешки партнер за набавка на вакцини против ковид-19. Многу е веројатно оваа вакцина да стане сезонска, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче на заедничката прес-конференција во Белград со неговиот српски колега Златибор Лончар, на која беше речено дека во „Торлак" ќе се произведуваат и вакцини против грипот, како и други вакцини и серуми.

„Koронавирусот не знае за граници, затоа мора да преземаме мерки. Денеска со министерот Филипче ја анализиравме ситуацијата и што можеме заедно да направиме, а главна тема сигурно дека беше вакцинацијата, кај нас и кај вас и како да го забрзаме процесот. Мораме да водиме сметка и за пациентите кои не се болни од коронавирусот, за да не се доведеме во состојба потоа да ги исправаме последиците“, рече на почетокот српскиот министер Лончар.

„Се разбира дека вакцинацијата и ситуацијата околу пандемијата беше приоритет во разговорите. Многу е веројатно дека оваа пандемија нема туку така да застане. Многу е веројатно дека оваа вакцина ќе стане и сезонска и имајќи го сега сето ова искуство и проблемите што ги имавме со набавката на вакцините досега, на ваков начин да ги надминеме таквите проблеми“, потенцира Филипче и нагласи дека проблемот на недостаток на вакцини е актуелен во речиси целиот свет.

На прашато за какво стратешко партнерство станува збор, Филипче појасни, дека било разговарано за капацитетите кои ги има институтот „Торлак" за производство на месечно ниво, откако ќе започне со производство, како и за проценките за потребите на Србија и земјите од соседството.

„Сметам дека производствениот капацитет ќе биде сосема доволен, за првиот следен момент кога ќе бидат потребни вакцини, да ги обезбедиме од институтот „Торлак". На тој начин, согласно тоа како ќе се одвива пандемијата и препораките за вакцинација и дали евентуално ќе треба и трета доза или можеби оваа вакцина ќе стане сезонска, да обезбедиме еден стабилен и сигурен извор од каде можеме да добиеме вакцина“, изјави Филипче.

Во однос на тоа дали ваквиот стратешки договор, ќе ги наруши односите со другите производители, Филипче рече дека во овој момент веќе имаме нарачано доволна количина вакцини од повеќе производители, кои се доволни за да се постигне саканиот процент на имунизација на населението.

„Тоа значи дека за секој следен чекор или секоја следна набавка, која треба да ја направиме, прво место на кое ќе се обратиме, а согласно капацитетите за производство, нашите потреби целосно ќе бидат задоволени, ќе биде институтот 'Торлак'", рече македонскиот министсер.

Тој потенцира дека разговарале за соработка меѓу стручните кадри од двете земји, да се подготвува теренот за сите тие работи и да се сочува државното здравство.

„Ја продолжуваме соработката и да си помагаме едни на други во корист на граѓаните на Србија и Северна Македонија. Тоа го правевме досега, а ќе продолжиме уште подобро и повеќе и натаму“, додаде Лончар.

Министерот Филипче, кој со претставници од Министерството за здравство, денеска е во официјална посета на Белград освен со министерот Лончар, се сретна и со директорката на Институтот „Торлак", Вера Стоиљковиќ

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе