Министерот најавува полоша состојба на есен

Филипче: Граѓаните се опуштија со свадби и семејни собири затоа има поголем број на заразени со ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека врз основа на анализите кои ги прави Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести остануваат на истиот став како и претходно, односно дека есента што претстои е ризик и мора да внимава повеќе.

„Генерален заклучок е дека се влошува состојбата како што завршува летото, а замјите како Велика Британија, Холандија, Франција... се земјите кои формираат нов пакет на мерки. Ова е нешто што многу пати е најавувано и потсетуваме дека септември е месец кој ќе биде почеток на нов бран. Според анализите на Комисијата на заразни болести, заклучно со 19 септември, најголем случаи во Скопје, Куманово, Штип... И натаму најзастапена е групата над 60 години, но и групата од 30 до 39 години, што се должи на тоа дека овие категории на лица се изложени на многу контакти. Анализите на потврдени случаи на дистрибуција ни покажаа дека најчестите фактори за заразата се преку локален пренос на инфекцијата. Состојбата со болнички капацитети за сега е стабилна", рече Филипче.

Од анализите на новозаразени, вели министерот Филипче, главна причина за зголемување на бројот на заразени се должи на непочитување на мерките, односно од опуштање на граѓаните и правењето свадби, семејни прослави.

„Зад нас е летото, а со тоа завршува и стабилниот период. Пред нас е есента, а со тоа сме соочени со голем предизвик. Ќе има нови протоколи, се со цел да нема рестриктивни мерки. Свесни сме дека ќе се соочиме со есенски бран, а сто тоа ги зголемуваме капацитетите, но системот не може без граѓаните и да не дозволиме да ни се преполнат болниците. Да ги почитуваме мерките и секој од нас мора да ја разбере опасноста од она што следи. Вирусот е опасен за секој од нас. Сите знаеме какви штети предизвикува карантинот кај нас, а тоа можеме да го спречиме само ако ги почитуваме мерките. Од нас зависи каква есен ќе имаме и како ќе го премостиме овој период", додава Филипче.

Министерот Филипче одговарајќи на новинарски прашања изјави дека македонските експерти го следат развојот на вакцините против коронавирусот во десетина светски компании и дека засега нема никаква одлука за тоа од каде Македонија би ги набавила вакцините.

„Сѐ уште сме далеку од каква било одлука за тоа која вакцина ќе ја употребуваме“, рече Филипче.

Во однос на можното воведување на рестриктивни мерки, министерот вели дека тоа најмногу ќе зависи од почитување на пропишаните мерки за заштита од коронавирусот.

„Се надевам дека нема да има потреба од воведување на рестриктивни мерки. Мора да се почитуваат препораките на надлежните. Засега нема потреба од воведување на какви било рестрикции на територијата на земјата“, додаде Филипче. 

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе