Министерство за здравство

Филипче: Градинките ќе се отворат на почетокот на јуни, границите кон средината на јуни

Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека скринингот во градинките завршува следната недела, најавувајќи дека детските установи ќе започнат со работа кон почетокот на јуни.

„Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни“, рече Филипче во интервју на Телевизија 24.

На новинарското прашање кога се планира да се отворат границите, министерот нагласи дека тоа се очекува кон средината на јуни.

„Средина на јуни се очекува отворање на границите, тоа е разумен период кога би можеле да се отворат границите“, посочи Филипче, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките. 

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе