Филипче: Ги сменивме креветите на Клиниката за психијатрија

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот профил на Фејсбук објави дека исклучително е важно пациентите во Клиниката за психијатрија да имаат добри услови за престој, со оглед на тоа што дел од нив престојуваат и подолг временски период во клиниката.

Првпат од отварањето на Клиниката за психијатрија во 1993 година, по 27 години, старите рѓосани кревети се заменети со 45 нови со удобни душеци. А за да можат пациентите да го поминат времето и надвор на свеж воздух, на неколку локации околу Клиниката се поставени и нови клупи. Вложуваме во унапредување на условите во здравствените установи за подобри здравствени услуги за пациентите и подобри услови за работа за здравствените работници, напиша на Фејсбук министерот Филипче.

Релевантните институции покажуваат неподготвеност да го спроведат долгоочекуваниот попис.

повеќе

Економската стратегија има за цел да се реализираат можностите на дигиталната трансформација, да се зајакне соработката во областа на климатските промени, енергетскиот сектор, човечкиот развој и безбедноста на храната.

повеќе

Во време кога турската лира е во историски пад, Турција мора да надмине бројни предизвици за целосно да закрепне од кризата.

повеќе