Третиот бран стивнува

Филипче ги најави 200-те илјади кинески вакцини за 28 април

Третиот бран од заразата со ковид-19 стивнува, денеска бројот на нови случаи е под 900, а во болниците го нема притисокот од претходните денови, иако се уште има голем број пациенти, оцени министерот за здравство Венко Филипче по денешната посета на А1 арената („Борис Трајковски“) каде што почна вакцинацијата на граѓани на возраст од 73 и 74 години.

Имунизацијата и во А1 арената и во другите пунктови се врши со преостанатите вакцини Спутник, со дел од Астразенека и со кинеските вакцини кои стигнаа како донација од ОАЕ, додека нарачаните 200 илјади кинески вакцини рече дека ќе стигнат на 28 април, како што било утрово потврдено од кинеската амбасада во Скопје.

Во моментов во пунктовите низ државата се вакцинираат по 1.500-1.600 лица на ден, а во А1 арената помалку од вообичаените 2.500 бидејќи вакцинацијата оди побавно со оглед дека се вакцинираат постари лица од кои голем дел доаѓаат со придружба. Но, како што вели, како што е поставен системот, може за кратко време да се достигне бројката од 7-10.000 вакцинации на ден кога ќе стигнат новите количини вакцини. Тој очекува зголемување на бројот на заинтересирани за вакцинација пред летните месеци кога многу граѓани ќе сакаат да патуваат.

Во контекст на тоа е и најавата дека масовна имунизација ќе се спроведува уште во шест други градови Штип, Тетово, Кавадарци, Охрид, Куманово и Битола за што денеска ќе разговара со градоначалниците и со директорите на центрите за јавно здравје за да се најдат места каде што ќе се врши вакцинацијата.

По најавата од Србија дека таму почна производството на руската вакцина Спутник, Филипче изјави дека засега не се планира нова набавка, бидејќи досегашните набавки се за 2,6 милиони вакцини што е сосема доволно за земјава. Тој уште додаде дека досега не е фрлена ниту една вакцина и покрај тоа што 20-тина проценти од најавените не дошле на вакцинација.

На прашањето за можноста од олабавување на рестриктивните мерки Филипче рече дека проценка ќе се врши за викендот и на почетокот на идната недела по што ќе се донесе одлука.

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе